Владата на денешната седница го разреши Стафа
Откако беше објавено дека Владата на денешната седница го разреши државниот правобранител Фехми Стафа, од Државното правобранителство попладнево информираа дека Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.
„Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница“,
се вели во оставката од Стафа што до медиумите ја испратија од Државното правобранителство.