Тој ја извршуваше функцијата од август во 2018 година
Владата на денешната седница го разреши од функцијата државниот правобранител Фехми Стафа.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година.
Во јуни годинава, „360 степени“ објави случај за четири семејства од Скопје кои 15 години се по судови поради незаконски спроведена денационализација, каде се појавува и Државното правобранителство на чие чело е Стафа.
Се работи за апсурден случај кога Управниот суд носи пресуда дека спорната денационализација била незаконска и наложува таа да биде поништена, врз основа на тужбата од Државното правобранителство, за потоа истото тоа Државно правобраннителство да поднесе тужба на оваа пресуда.
Повеќе за случајот може да прочитате и да го погледнете видеото на следниот линк.