Пожарот избувнал синоќа околу 3 часот и 15 минути на улицата „Разловечко востание“ во општината Карпош
Доцна синоќа во општината Карпош, на улицата „Разловечко востание“ било пријавено дека е опожарен бутик кој се наоѓал на приземјето од станбената зграда, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од пожарот биле зафатени и терасата на зградата, стан кој се наоѓал веднаш над локалот, надворешна единица на клима-уред и дел од прозорци на стан во сопственост на 79-годишниот М. Ј. од Скопје.
„Во пожарот, биле зафатени и две патнички возила, ‘шкода камик’ паркирано од М. Т.(48) од Скопје и ‘форд фокус’ сопственост на Љ. Р.(55) од Скопје“,
информираат од МВР.

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а бил извршен и увид од увидна екипа на СВР Скопје.