Миланов бил и единствениот предлог за оваа функција, а од страна на мнозинството советници едногласно е избран за вршите на должноста до одржувањето на предвремените локални избори
Советниците во Штип денеска за вршител на должност градоначалник на Општината го избраа Јане Миланов, по заминувањето на Благој Бочварски на министерската позиција во транспорт и врски.

Миланов кој претходно ја извршуваше функцијата заменик – градоначалник бил и единствениот предлог за оваа функција предложен од страна на советник во Советот на Општина Штип, а од страна на мнозинството советници едногласно е избран.
Миланов функцијата в.д. градоначалник на Општина Штип ќе ја извршува до предвремените избори за градоначалник, кои ќе се одржат на 13 и 27 декември.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е резервиран во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за промена на изборните правила така што во иднина локалните избори би се спроведувале целосно во еден круг, вклучително со изборот на градоначалници.
Досега градоначалници се избираа во два можни круга гласање, додека изборот на советници во општините е во еден круг, според пропорционален модел. Според Заев, со избори и на градоначалници во еден круг би можел да се намали дополнително одѕивот на гласачите, што би се одразило и на легитимитетот на локалните власти.
