Во истражниот затвор во Шутка земени се брисеви од поголем број лица кои би можеле да бидат во контакт со починатиот притвореник за кој се утврди дека е позитивен на коронавирус.
Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, од досега пристигнатите резултати, тие се негативни.
„Во затворот во Шутка интензивно се работеше во насока на интензивни прегледи. Земен е материјал на голем број луѓе сместени во одредени блокови и во блокот каде што бил сместен човекот што почина. Детално е анализирана состојбата, дел од резултатите што се пристигнати се негативни, но дозволете да ги почекаме сите резултати и дополнително да ја информираме јавноста“,
рече Филипче.
Притвореникот почина на 8 април од срцев удар, но обдукцијата покажала дека бил позитивен на ковид-19.
Тој бил примен во затворот на 8 март, немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот се покажал дека е позитивен на коронавирусот.