Околу 40% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175 620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7 445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9 721 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 207 219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31 599 граѓани. Со последните бројки, 40% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 376 987 граѓани.