Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во салата при гласањето на предлог-законот за одбрана
Собранието, со 80 гласа „за“, го донесе законот за одбрана. При изјаснувањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во пленарната сала.
Нола Исмајлоска-Старова, од името на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, образложувајќи зошто ќе гласаат за законот за одбрана, рече дека се креирала лажна слика дека се гласа за промена на името на Армијата, а не за усогласување потребно заради зачленувањето во НАТО.
Таа потсети дека седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ веќе гласаа за промена на името на Армија, поддржувајќи ги измените во Законот за служба во Армијата.
*поврзана вест ВМРО-ДПМНЕ гласаше за „Северна“ во Законот за служба во Армијата, но ѝ пречи во Законот за одбрана
Претходно, со 73 гласаа „за“, беа усвоени измените и дополнувањата на законот за Советот на јавни обвинители.
Собранието денеска го донесе и законот за јавно обвинителство. 80 пратеници се изјаснија „за“ при повтореното гласање откако првичното гласање беше поништено од спикерот Талат Џафери поради, како што рече, реакциите од некои пратеници дека нивниот глас не бил регистриран од системот.
*поврзана вест Ахмети, Адеми, Поповска… не гласале, па гласаа „за“ Законот за ЈО