Минатиот месец Европската комисија го објави долгоочекуваниот предлог за дигитални зелени сертификати со кои треба да се олесни патувањето на граѓаните во ЕУ
Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето за „ковид-пасоши“ како доказ за патување во различни земји и институции, поради немањето цврст доказ дека вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, како и стравувањата од нееднаквост, изјави портпарол на организацијата.
Британската Лабуристичка партија предупреди дека ковид-потврдите, со кои ќе се докажува дека некој е вакциниран за да влезе во продавници, угостителски објекти и други затворени и јавни места, можат да бидат дискриминаторски.
„СЗО моментно ги разгледува кинеските вакцини на ‘Синофарм’ и ‘Синовак’ за можна итна употреба кон крајот на април, бидејќи се потребни повеќе податоци“,
додаде портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, за време на брифингот.
Минатиот месец Европската комисија го објави долгоочекуваниот предлог за дигитални зелени сертификати со кои треба да се олесни патувањето на граѓаните во ЕУ.
Како што се очекуваше, овие сертификати ќе се издаваат само за примени вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Според предлогот, за граѓанин да може да влезе во земја на ЕУ со доказ за вакцинација, вакцината мора да биде од тие што добиле одобрување за користење на пазарот во ЕУ, но земјите членки имаат опција да прифатат сертификати за вакцинација и за други вакцини. За овој предлог треба да разговараат земјите членки.