Производот се рекламира како додаток во исхраната кој го намалува високиот холестерол и крвниот притисок, но широко се користи и како боја за прехранбени производи. По консумирањето, клиентите пријави во компанијата пријавиле симптоми како што се промена на бојата на урината, отекување на екстремитетите и замор
Директорите на јапонскиот производител на лекови „Кобајаши фармацеутикал“ поднесоа оставка, преземајќи ја одговорноста за контаминација на додаток во исхраната што можеби предизвикал смрт на 175 луѓе, според наводите на јапонското министерство за здравство. Во март, „Кобајаши фармацеутикал“ објави дека ужалените семејства пријавиле пет смртни случаи поврзани со редовното консумирање на апчиња „бени коџи“ направени од ферментиран црвен ориз, објави „Јапан тајмс“.
Производот се рекламира како додаток во исхраната кој го намалува високиот холестерол и крвниот притисок, но широко се користи и како боја за прехранбени производи. По консумирањето, клиентите пријави во компанијата пријавиле симптоми како што се промена на бојата на урината, отекување на екстремитетите и замор.
175 можни смртни случаи
Кон крајот на јуни, јапонското министерство за здравство предупреди дека бројот на смртни случаи потенцијално поврзани со консумацијата на овие апчиња е значително поголем, а на почетокот на јули соопшти дека семејства пријавиле 175 смртни случаи веројатно поврзани со консумацијата на производи на „Кобајаши фармацеутикал“.
Според Министерството, 492 лица биле хоспитализирани поради консумирање на ферментирани производи од ориз на „Кобајаши фармацеутикал“, од кои 291 имале проблеми со бубрезите. „Кобајаши фармацеутикал“ објави дека во нејзините погони открила потенцијално токсична киселина произведена од мувла во процесот на ферментација и започна истрага за 76 смртни случаи.
Директорите поднесоа оставка
Во вторникот, компанијата објави дека главниот оперативен директор и претседател Акихиро Кобајаши и извршниот директор и претседател на одборот Казумаса Кобајаши, и двајцата членови на основачкото семејство, поднеле оставка. Одлуката е донесена „за да се разјасни извршната одговорност“, соопшти „Кобајаши фармацеутикал“, изразувајќи сочувство до семејствата на починатите и извинувајќи им се на клиентите и партнерите.
Компанијата потврди дека продавала или испорачувала апчиња на база на бени ориз на педесетина домашни компании и две компании во Тајван. Тајванските компании како мерка на претпазливост повлекле 154 производи со оваа состојка, јави Би-би-си.