Бројката на активни случаи (2 011) повторно е поголема од бројката на оздравени (1 705), а од почетокот на корона-кризата има 179 смртни случаи
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 895, бројката на оздравени пациенти е 1 705, на починати е 179 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 011, информираа денеска од Министерството за здравство.
Два резултати евидентирани вчера се контролни, епидемиолошките анкети, велат од МЗ, се во тек, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1767, активни 1124
• Куманово 635, активни 216
• Дебар 56, активни 5
• Штип 237, активни 195
• Прилеп 227, активни 22
• Тетово 380, активни 209
• Струга 123, активни 46
• Велес 150, активни 28
• Битола 34, активни 7
• Охрид 66, активни 48
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 64, активни 40
• Гевгелија 7, активни 3
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 9, активни 3
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 54, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 8, активни 7
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 5, активни 4
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.