До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација, соопшти Државната изборна комисија.
Денешното гласање за кое се евидентирани 711 лица, според ДИК, поминува без проблеми.

Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација има во Ресен-60, Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.
Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни избирачки тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува според соодветни здравствени протоколи.