Нешто повеќе од 20 отсто од граѓаните излегле да гласаат до 13 часот, покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК).
Информациите на веб-страницата на ДИК покажуваат дека на обработени 93,85 отсто од гласачите, до 13 часот гласале 351 826 граѓани или 20,54 отсто.

Најголема излезност има во Новаци – 43,7 отсто, а најмала во Врапчиште – 11,72 отсто.
Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.