Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на стабилно и потопло време, освен во утре, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

