Активни пожари има на потегот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, кај селата Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, еден пожар на територијата на Општина Велес, како кај селата Копанце и Туденце во Јегуновце и Сарај
До 7:30 часот утринава на територија на државата се региститрани 25 пожари на отворен простор – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири се активни, три се под контрола, а 18 пожари се изгасени.

Активни пожари има на потегот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, потоа кај селата Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, еден пожар на територијата на Општина Велес, како кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце и Сарај.
Под контрола се двата пожари на територија на Општина Крушево и оној на градската депонија во Кратово.
Изгаснати се 18 пожари на отворен простор.
