Бурла, сепак, истакна дека верува оти ковид-19 ќе биде помеѓу нас уште многу години
Генералниот директор на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла, смета дека актуелниот бран на сојот омикрон, варијанта на ковид-19, ќе биде и последниот поради кој ќе мораме да живееме со рестриктивни мерки.
Бурла, споменувајќи ги вакцините и лековите против ковид од оваа компанија, оцени дека омикрон е последниот сој со „толку големи рестрикции“, но веднаш додаде дека вирусот најверојатно уште со годни ќе циркулира меѓу светската популација.
„Тоа е најверојатно сценарио иако, секако, не можам да гарантирам дека ќе биде така, но верувам дека ковид-19 ќе биде помеѓу нас уште многу, многу години. Тој е вирус кој се шири во цел свет и поради тоа е тешко целосно да се елиминира“,
изјави Бурла во интервју за француската телевизија БФМ.
Бурла истакна дека ниту природниот имунитет ниту вакцините не нудат долготрајна заштита бидејќи некое лице може повторно да се зарази со истата или друга варијанта на вирусот.