Болат вели дека во наредниот период ќе се продолжи со зајакнување на транспортните коридори и со поголема поддршка за активностите на турските компании во Македонија со што ќе се придонесе за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот

Македонија и Турција ќе воведат директна авиолинија на релација Анкара – Скопје, како и карго железничко поврзување. Ова е договорот од успешните билатерални средби што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги одржа во Истанбул со турскиот министер за трговија, Омер Болат, и министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.
Средбите се реализирале во рамките на македонско-турскиот бизнис-форум што се одржува во Истанбул.
Како што соопшти турскиот министер за трговија воздушниот сообраќај ќе го реализира авиокомпанијата „АЏет“ (AJet).
„На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме соработката во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на ’АЏет’ на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу турските железници и ‘Македонски железници-инфраструктура’ ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста“,
објави турскиот министер за трговија, Омер Болат, на социјалната мрежа Икс.
Türkiye-Kuzey Makedonya İş Forumu vesilesiyle, Ulaştırma ve Altyapı Bakanımız Sayın Abdulkadir Uraloğlu (@a_uraloglu) ile birlikte, Kuzey Makedonya Başbakan Yardımcısı ve Ulaştırma Bakanı Sayın Aleksandar Nikoloski ile bir araya geldik.
— Prof. Dr. Ömer Bolat (@omerbolatTR) June 12, 2026
Gerçekleştirdiğimiz görüşmede; ulaştırma,… pic.twitter.com/KYa37K33uV
Турскиот министер додава дека во согласност со визијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка, двете земји со силна решителност продолжуваат да работат кон остварување на билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.
Болат вели дека во наредниот период ќе се продолжи со зајакнување на транспортните коридори и со поголема поддршка за активностите на турските компании во Македонија со што ќе се придонесе за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот.
„Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите“,
додава Болат.
