ВМРО-ДПМНЕ има предност од три наспрема еден пред СДСМ, според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб-страница. Низ бројки, на пребројани 16,18% од избирачите, односно 21,17% од избирачките места, најголемата опозициска партија има добиено 47 196 гласа, додека нивниот главен опонент, СДСМ, досега има 15 908 гласа.

Според резултатите, извесно е дека првичните резултати на ДИК претежно потекнуваат од деловите на земјата со мешана етничка структура. Еве дел од гласовите што ги добиле партиите:
- ВМРО-ДПМНЕ – 47 196Ч;
- СДСМ – 15 908;
- ДУИ (Европски фронт) – 33 284;
- ВЛЕН – 27 792;
- Левица – 7 228;
- ЗНАМ – 5 164.