Како што појасни претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, на денешната седница, средствата на Државната изборна комисија ѝ се префрлени со одлука на Владата
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии (ОИК) и на членовите на избирачките одбори (ОИ) за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки.

Станува збор за сума од 107 201 924 денари, или околу 1,7 милиони евра, кои треба да им бидат исплатени на општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци. Средствата ќе бита префрлени на наменските сметки на општините за локалните избори.
Како што појасни претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, средствата на Државната изборна комисија ѝ се префрлени со одлука на Владата.
Локалните избори во земјата се одржаа на 19 октомври, а на 2 ноември 2025 година се одржа вториот круг. На 11 јануари годинава имаше повторени избори имаше во четири општини – Гостивар, Маврово, Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во овие општини гласањето беше повторено поради недоволен цензус, односно излезеност на гласачите при првиот круг од изборите.
