Кај една вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е дијагностициран коронавирус, по што во изолација се и седум нејзини колеги.
За ова информира министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека вработената неколку денови не одела на работа, односно последен пат била во АХВ на 2 април, поради системот на ротација на тимови во институцијата. Откако зј вработената е утврдено дека е позитивна на коронавирус, во домашна изолација се и седуммина нејзини колеги со кои била во контакт.
Во објектот на АХВ, пак, како што рече Филипче, во тек е детална дезинфекција.