Џонсон во својата изјава вечерва рече дека наводно имал поддршка од 120 пратеници, но одлучил да не се кандидира бидејќи „тоа едноставно не би било правилно да се прави“, бидејќи „не можете ефективно да владеете доколку немате обединета партија во парламентот“
Борис Џонсон нема да се трка за лидер на конзервативците, што значи и за нов премиер на Велика Британија, објави Би-би-си. Борис Џонсон, кој мораше да го прекине својот одмор на Карибите, се врати во земјата за да добие само 60-тина од потребните 100 поддржувачи во парламентот за да влезе во трката заедно со Сунак и Пени Мордонт.
Џонсон, на почетокот, дури и разговараше со Сунак и Пени за да ги убеди да не се кандидираат и да му помогнат во неговиот обид за политичко враќање.
Сунак има повеќе од 140 декларирани поддржувачи, додека Мордоунт заостанува со 25.
Џонсон во својата изјава вечерва рече дека наводно имал поддршка од 120 пратеници, но одлучил да не се кандидира бидејќи „тоа едноставно не би било правилно да се прави“, бидејќи „не можете ефективно да владеете доколку немате обединета партија во парламентот“.
Извор близок до Риши Сунак во изјава за Би-би-си рекол:
„Ние не земаме ништо здраво за готово. Риши ќе продолжи да разговара со колегите утре наутро пред да бидат објавени документите за номинација и да разговара за тоа како најдобро да се обедини партијата и да се однесе земјата напред“.
Процедурата за четврти британски премиер во последните четири години е забрзана да трае само една недела, а според правилата, во првиот круг на гласање ќе можат да излезат само тројца кандидати.
Името на новиот британски премиер би требало да биде познато до крајот на следната недела.