Велика Британија е подготвена за каков било можен исход од преговорите за Брегзит со Европската Унија, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
„Подготвени сме за сите можности. Ќе поминеме низ ова. Апсолутно е важно нашите партнери да разберат дека Велика Британија ќе го направи она што треба ако треба да имаме решение во австралиски стил. Тогаш тоа е она што ќе го постигнеме и ќе направиме силен напредок во една или друга насока“,
истакна Џонсон.
Според него, ако ЕУ е разумна, ќе и даде на Велика Британија решение во канадски стил што го бара.