Сопругата на американскиот претседател ќе отпатува во Романија и Словачка по ненадејната посета на Украина на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси во саботата
Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет.
Патувањето на сопругата на американскиот претседател е планирано помеѓу 5 и 9 мај.
Посетата ќе биде уште една демонстрација на американската поддршка за Украина и земјите кои и помагаат.
Џил Бајден ќе замине во Романија и Словачка по ненадејната посета на Украина на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, која во саботата се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Романија и Словачка се двете соседни земји на Украина кои примија стотици илјади бегалци од почетокот на руската инвазија.