Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска е добра, велат од неговиот кабинет за „360 степени“.
„Состојбата му е добра, се одмора. Му треба одмор“,
велат во краткиот одговор оттаму потсетувајќи дека на веќе направениот тест за ковид-19 тој имал негативен резултат.
Како што објавивме вчера, Џафери беше примен на Инфективната клиника во Скопје. И покрај негативниот резултат тој имал повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија.
Вчера и од ДУИ се огласија за хоспитализацијата на Џафери посочувајќи дека е примен на системска контрола.