„Според Изборниот законик, единствено надлежно тело за спроведување на изборите е Државната изборна комисија (ДИК). Владата треба да е поддршка на процесот на ДИК во спроведување на изборите, зашто таа како тело нема инструменти извршни за да постапува при евентуални прекршочни постапки или да спроведе санкционирања“, вели техничкиот премиер
Во однос на обвинувањата на опозицијата дека Демократската унија за интеграција дека подготвува сценарио за нерегуларни избори и дека нема да ги признае изборите, техничкиот премиер Талат Џафери денеска од Боговиње рече дека тоа се политички и партиски изјави и Владата нема потреба да се произнесе за она што е слобода на говор.
„Институциите што се надлежни да постапуваат по допрен глас, доколку има соодветни елементи за тоа, треба да го направат тоа. Владата не може да се меша ниту во Обвинителството ниту во постапување на судскиот систем, зашто тоа се надлежности издвоени со Устав и закон“,
рече тој.
Во однос на изборниот процес, вели Џафери, како Влада, покрај другите обврски, со Изборниот законик имаат обврска и за подготовка и споредување за процесот на фер избори.
„Според Изборниот законик, единствено надлежно тело за спроведување на изборите е Државната изборна комисија (ДИК). Владата треба да е поддршка на процесот на ДИК во спроведување на изборите, зашто таа како тело нема инструменти извршни за да постапува при евентуални прекршочни постапки или да спроведе санкционирања,
вели Џафери.
Во таа насока, според него, денеска како што рече се одржала и првата седница на Советот за координација на безбедносните служби на која се расправало за предвидувањата во однос на потребата на предизборниот и изборниот процес.
„Се разговараше во контекст на дезинформациите, лажните вести и можните сајбер постапки по институциите на системот. Беа дадени соодветни информации, предвидувања од соодветните институции и заедно со заклучоците дадени се обврски до институциите како да постапуваат понатаму. Во тој контекст мислам дека сме на ниво на она што ни е обврска и одговорност за проведување у постапување по сите информации. Нека се тие и дезинформации, ние сме должни да оцениме, да процениме и во крајна инстанца и да постапиме,
рече техничкиот премиер Џафери.
Од Демократската унија за интеграција денеска рекоа дека опозицијата планира политички немири по 8 мај, но и дека дејствува по руско сценарио. Ја повикаа опозицијата, како што посочија, и македонската и албанската, да водат кампања во согласност со европските и демократските вредности бидејќи, според нив, сè што е против значи оддалечување од Европската Унија и приближување до Москва и Путин.
„Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и Левица на Апасиев, коалицијата ’Вреди’ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува граѓаните, а известен е и меѓународниот фактор во земјата“,
стои во соопштението од ДУИ.