Физичките лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка ќе се обештетуваат преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.
Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата, е да се избегнат масовни собири.
„Веднаш по добивањето на конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на Еуростандард банка АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките и ќе ги извести во која банка ќе ги подигнуваат нивните осигурени депозити“,
се вели во оопштението.
Од Фондот укажуваат дека се прават напори исплатата да почне што поскоро, но засега не се наведува датумот.
Од почетокот наа неделава, пред банките во речиси сите градов во земјава се забележителни големи гужви, а се работи за лиц кои претходно биле во Еуростандард банка, а сега сакаат да отворат сметки во други банки.