На седницата на Надзорниот одбор, согласно препораката на Владата, се очекува да бидат разрешени претседателот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација Фахрудин Хамиди, како и на членот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника Љубе Стаменковски
Надзорниот одбор на Македонската навигација за денеска закажа седница на која се очекува да биде донесена одлука за разрешување на двајца од тројцата директори на М-НАВ, согласно владината препорака за нивна смена.

На седницата се очекува да бидат разрешени претседателот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација Фахрудин Хамиди, како и на членот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника Љубе Стаменковски. На нивно место, според препораката на Владата од минатата недела, се очекува да бидат назначени Хекуран Асани и Милан Кораќ.
По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде што се добива решение. Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.
Претседател на Надзорниот одбор на М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков.
Владиниот предлог за смена на раководството на М-НАВ следува по насилниот упад и нападот на дел од вработените во Македонската навигација што се случи на 4 јануари.