Пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува во текот на утрешниот ден, а потоа ќе следува период на стабилно и потопло време
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер се очекува да биде времето во текот на денешниот ден.
Максималната дневна температура се очекува да биде од 30 до 37 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје температурата ќе биде до 36 степени.
Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно и потопло време.