Во најголем број, од вкупно 34 регистрирани пожари вчера, стануваше збор за горење на ниска вегетација, грмушки и стрништа
Денеска после 9 часот повторно бил пријавен пожар на улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче во скопската Општина Аеродром, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Утрово после 9 часот се добиени информации на 112 во ЦУК дека во Скопско има повторно пожар на улицата ‘Тодор Чангов’, близу ресторанот ‘Д кичен’, и дека има пријава за пожар во населба Лисиче, каде што гори сува трева и ниска вегетација. Веднаш биле известени пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје“,
информираа од ЦУК.
Во Лисиче сува трева гореше и вчера, но пожарот не претставуваше опасност за околните куќи и згради. Синоќа по интервенција на скопските пожарникари огнот беше изгаснат.
Овој пожар беше еден од вкупно 34 кои ги регистрирал ЦУК и сите беа изгаснати.
Пожарите беа регистрирани на териториите на општините Куманово, Битола, Струга, Прилеп, Гостивар, Студеничани и други, а во најголем број од нив стануваше збор за горење на ниска вегетација, грмушки и стрништа.