Денеска или утре во „Службен весник“ и биде објавен Правилникот за поединечно одобрување на возила, со што ќе се отстрани единствената пречка поради која возилата со странски таблички кои се возат низ државава не можеа да се пререгистрираат.
„Со Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метрологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“,
соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.