Лукашенко демонстрантите ги нарече овци кои се управуваат од странство
Во полицискатаа акција во Белорусија за време на синоќешните демонстрации по завршувањето на претседателските избори, приведени се повеќе од 3 000 лица, соопшти портпаролката на тамошното МВР Олга Чемоданова.
Според неа протести имало во 33 грааа, а само во Минск се приведени над 1 000 лица.
Во судирите меѓу демонстрантите и полицијта повредени се 29 полицајци и 50 демонстранти, но нема загинати, пренесе аггенцијата БЕЛТА, демантирајќи ја информацијата дека едно лице загинало што ја објави една невладина организација.
Во разбивање на демонстрациите полицијата употребила солзавец, димни бомби, гумени куршуми и специјална техника, велат од тамошното МВР.
Истражниот комитет на Белорусија соопшти дека поради вчерашните демонстрации ќе бидат поднесени кривични пријави за учесниците за масовни нереди и насилство спрема полицијата.
Демонстрациите о поввеќе граови во белорусија избувнаа синоќа, откако беа објавени излезните анкети според кои повтрно на претседателските избори победи Александар Лукашенко, кој е на власт во земјата од 1994 година.
Денеска Изборната комисија соопшти дека тој освоил над 80 отсто од гласовите. Неговата главна опонентка Светлана Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите која изјави дека не ги признава резултатите.
Во првата изјава по објавувањето на резултатите, Лукашенко кого западните медиуми го нарекуваат последниот диктатор во Европа, ги нарече демонстрантуте овци, кои се управувани од странство.
„Забележавме повици од странсттво, о Полска, Велика Британија, Чешка, имаше повици за да се управува на далечина, извинете на изразот, со нашите овци“,
изјави Лукашенко, пренесе државната агенција БЕЛТА.
Тој исто така изјави дека нема да дозволи земјата да биде поделена.