Александар Лукашенко (65) кој на власт во Белорусија од 1994 година останува на чело на земјата шести последователен мандт, откако Изборната комисија денеска соопшти дека тој на на вчерашните избори освоил 80,23 отсто од гласовите, додека неговата главна опонентка Светлана Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите.
Останатите тројца кандидати освоиле помалку од два отсто.
Откако синоќа беа објавени првите излезни анкети кои индицираа победа на Лукашенко, голем број граѓани излегоа на улиците на Минск и на други градови.
Демонстрантите во центарот на Минск фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми против нив, при што според информациите од тамошните медиуми 120 лица се приведени. Полицијата постави контролни пунктови околу Минск со цел да го спречи влезот на демонстранти од другите градови.
Лукашенко за кого светските медиуми пишуваат како за последниот диктатор во Европа вети дека ќе го задуши секој протест.