Протест пред српскиот Парламент за време на конститутивната седница. Учесниците на протестот фрлаа со јајца врз зградата на Народното собрание на Србија.
Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот. Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.
Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.
Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.
Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протестот пред Парламентот и најави дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, тврдејќи дека изборите се фалсификувани.
Изборите за пратеници на Собранието на Србија се одржаа на 21 јуни, а српското Собрание има 250 пратеници.
Според резултатите од изборите, листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија (СНС) ќе има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) освоија 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ ќе има 11 пратеници. Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија.