Утре дел од персоналот на Клиниката за дигестивна хирургија ќе се тестира за коронавирус, најави министерот Венко Филипче.
Тоа следува откако вработен кажал дека има заболени членови на неговото семејство, кои сè уште не се потврдени дека имаат ковид-19. Оттогаш, сите кои биле во контакт со вработениот техничар се ставени во изолација.
„Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат сите луѓе кои во изминатите два-три дена биле со него на работно место, тие се ставени во автоизолација. Согласно резултатот од брисевите на вработениот и членовите на неговото семејство, ќе се постапи понатаму си неговите колеги на работа“,
рече Филипче.