Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор
Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето.
Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор.
Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здравствена состојба.
Во истиот период, СЗО потврди дека овој евтин и достапен лек е одлична вест за борбата со ковид, но повика на внимателно користење.
Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со ковид-19.
Лекот веќе со децении се користи за лекувања на разни воспаленија.