Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на дексаметазон, откако британските научници објавија дека овој кортикостероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тешка форма на ковид-19.
„Се соочуваме со нови предизвици – зголемување на производството и брза и фер дистрибуција на дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде што е најпотребно. За среќа, тоа е евтин лек произведен од многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството“,
изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
СЗО: Дексаметазонот е одлична вест за борбата против ковид-19
Првите резултати од британското клиничко испитување „Рикавери“ објавено минатата недела покажуваат дека дексаметазонот ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.
„Дексаметазонот треба да се користи само кај пациенти со ковид-19 кои се во тешка и критична состојба, со строг клинички надзор. Нема докази дека тој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и при превенција, па дури и може да биде штетен“,
посочи тој.