Да се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот, предлага Трајко Славески
Министерот за финансии вели дека главната цел на реформите не е само фискалните приходи од тие реформи, туку и правичноста на тие реформи
ВМРО-ДПМНЕ смета дека сега воопшто не е погоден моментот за нова даночна реформа. Членот на ИК на партијата Трајко Славески во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека тоа е поради неколку причини:
„Прво, соочени сме со голема неизвесност, ние не знаеме што ќе се случи, како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку четири месеци од претстојната зима затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни. Второто нешто е тоа што реформа е хендикеп да се прави кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии“,
кажа Славески.

Славески потенцираше дека се потребни дополнителни средства.
„Министерството за финансии има начин од она што се предлага досега во дебатите да се обезбедат тие средства. Да се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот“,
посочи Славески.
Во вечерашната дебата учествуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими кој потенцира дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020.

Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени од 1 јануари па натаму, затоа е јавната дебата, изјави тој Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали сега е вистински момент за даночни реформи.
„Реформата е поширока од тоа што сега се дискутира, има акциски план 2021/2025. Значи не почнува денеска, од аспект на кризата, затоа отвораме расправа, зошто сакаме да ги слушнеме сите засегнати страни. Важно е во квалитетот на овие реформи да има инклузивност во самиот процес“,
рече тој.
Како што изјави Бесими, на 1 јануари 2023 година, прогресивниот данок на личен доход стапува на сила, како и оданочување на депозитите и данокот на капитална добивка.
Бесими истакна дека главната цел на реформите не е само фискалните приходи од тие реформи, туку и правичноста на тие реформи.