Индиската влада оваа варијанта ја потврди неодамна, на 25 март, така што податоците во споредба со постојните соеви на вирусот сè уште не се целосно јасни
Индискиот сој ја има истата мутација како и варијантите од Јужна Африка и бразилската, кои помалку реагираат на вакцините „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“
Индија се соочува со ненадеен наплив на новозаболени со ковид-19 што ги наполни болниците, а се смета дека зад тоа стои новата двојна мутација.
Индиската влада оваа варијанта ја потврди неодамна, на 25 март, така што податоците во споредба со постојните соеви на вирусот сè уште не се целосно јасни.
Сепак, научниците и лекарите се загрижени дека оваа специфична варијанта може да биде попренослива и дури може да ги направи вакцините помалку ефикасни.
Вкупно 182 случаи се откриени во Велика Британија, 162 за пет недели (до 16 април), што беше причина Борис Џонсон да го одложи своето патување во Индија, а владата да ја додаде земјата на својата „црвена листа“ за патувања.
Која е новата варијанта?
Официјалното стручно име е Б.1.617, но се нарекува индиска варијанта.
Вирусите редовно мутираат, но повеќето мутации се незначителни. Сепак, некои мутации можат да го направат вирусот позаразен, смртоносен или отпорен на вакцините.
Кај индискиот вирус се споиле две мутации, со цел да се избегне реакција на имунолошкиот систем.
Тој еволуирал независно, но ја има истата мутација како калифорниската варијанта и е речиси иста со оние откриени за првпат во Јужна Африка и Бразил (Манаус).
Во лабораториските тестирање, јужноафриканската варијанта (Б.1.351) и бразилската варијанта (П.1) имаат клучна мутација, E484K, што може да му помогне на вирусот да избегне антитела произведени со вакцини или со прележување. Исто така е и многу попренослив.
Калифорниската варијанта (Б.1.429), откриена во декември, ја носи мутацијата L452R, што ја прави околу 20% позаразна.
Индиската варијанта има мутација E484Q, која е многу слична на онаа што се наоѓа во јужноафриканските и бразилските варијанти, а исто така има и мутација L452R која се наоѓа во калифорниската.
Што се случува во Индија?
Случаите во Индија нагло се зголемија од средината на март по неколку недели постојан пад.
Во неделата имаше повеќе од 280 000 новозаразени, речиси тројно повеќе од претходниот рекорд забележан во септември. Смртните случаи од 13 април наваму, исто така, се зголемуваат за повеќе од 1 000 случаи дневно.
Болниците стануваат преоптоварени и се појави недостиг на респиратори, а Њу Делхи од 19 април е ставен во строг карантин. Постои загриженост дека вториот бран во Индија е дури и полош отколку што се прикажува, бидејќи научниците се загрижени за бројките што не се пријавуваат.
Индија, исто така, нема толку сеопфатна програма за секвенционирање на геномот како Велика Британија, така што случаите на зарази со индиската варијанта најверојатно ќе бидат многу повеќе од пријавените.
Дали индиската варијанта е попренослива и дали вакцините ќе бидат ефикасни?
Она што е многу веројатно е дека овој сој е попренослив. Тука има две мутации – првата е слична на варијантата од Манаус, за која се знае дека вакцините се помалку ефикасни. Втората е исто како калифорниската, за која лабораториските испитувања покажаа дека може да го избегне имунолошкиот одговор – и на антитела и на Т-клетки, а исто така и е многу лесно пренослива.
Индиската варијанта ја има истата мутација како и варијантите од Јужна Африка и бразилската, кои помалку реагираат на вакцините „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“.