Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за телевизијата Пинк која важи за блиска до власта, изјави дека според најновите информации од Вашингтон, српскиот претседател Александар Вучиќ на многу брутален начин ја одбил точката со која, според српската страна, се ара признавање на Косово.
„Точно е дека на маса е документ со сите овие предози, меѓу кои и точката 10, а добив информација од Вашингтон дека Вучиќ на многу брутален начин ја одбил таа точка“,
изјави Дачиќ во специјалната емисија на Пинк.
„Јасно кажал дека тоа е неприфатливо за Србија и дек тој ќе се однесува во согласност со Уставот. Тука не се поставува прашањето дали Вучиќ ќе прифати или не“,
рекол Дачиќ, пренесува Н1.
Според шефот на српската дипломатија, документ со ваков текст никогаш не и бил претставен на српската делегација и дека ова е обид да се прошират темите за разговор кои беа најавени дека ќе се однесуваат на економијата.
Во паузата на состанокот во Белата куќа, министерот за финансии Синиша Мали изјави дека на маса е документ од 16 точки, каде десеттата точка подразбира меѓусебно признавање на Србија и Косово.
Ваква „вонредна вест“ пренесоа и некои српски медиуми, но специјалниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел веднаш ја демантираше на Твитер, истакнувајќи дека не е вистина.

Телевизија Пинк во меѓувреме објави дека во Белата куќа започнала втората рунда разговори, на кои се приклучила и Иванка Трамп, ќерка на претседателот Трамп и негова советничка, која присисутува на сите важни дипломатски состаноци.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хори се во Вашингтон, каде денеска и утре се на разговори во Белата куќа.