Сите државни органи и институции се задолжуваат, на единиците на локална самоуправа им се укажува, а на приватниот сектор му се препорачува вработените лица со попреченост кои се движат со придружба, да бидат ослободени од работа, информира Министерството за труд и социјала по вчерашната владина одлука.
„Потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности“,
стои во соопштението на МТСП.
Заклучокот на Владата е донесен по барање на Министерството за труд и социјална политика со оглед на тоа што тие спаѓаат во групата граѓани кои имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми од коронавирусот.