„Јас како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови“, стои во фејсбук-објавата на лидерот на партијата Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во врска со денешната церемонија за отривање на 20-метарскиот споменик во чест на паднатите борци на ОНА
Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите загинати, а сите заедно да дадеме сè од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир.
Ова на својот фејсбук профил го напиша лидерот на политичката партија Достонство и прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во врска со денешната церемонија за отривање на 20-метарскиот споменик во чест на паднатите борци на ОНА.
Ангелов повика да не се крева, како што вели, непотребна меѓуетничка тензија.
„Јас како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови“,
стои во фејсбук-статусот на Стојанче Ангелов.
Во фејсбук-статусот, Ангелов пссочува дека за разлика од овој нов споменик на УЧК, македонските бранители од 2001 година имаат достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад, додавајќи оти останува уште на овој споменик на бранителите од 2001, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.
„Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на Владата, Собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за македонскиот државен и политички врв, како треба да се чествуваат македонските Бранители од 2001 кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чествување на загинатите но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година“,
додава Ангелов во објавата на фејсбук.
Во селото Слупчане, кумановско, попладнево се одржа церемонија, на која е откриена 20-метарска спомен кула во чест на падните борци на ОНА, а на самата свеченост присуствуваа сите врвни функционери на ДУИ.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на својот говор порача дека ОНА е составен дел од историјата на нашата земја, без која не би можел да се постигне Охридскиот мировен договор.