Загрижувачко за неа е што во трите полуги на власта, судството и законодавната власт се одвива интервенција и узурпација на нишките на контрола, а тоа, како што рече, е дел од операцијата на воспоставување на нов бра на авторитатни, односно антидемократски практики
ДУИ и ДПМНЕ си играат пинг-понг со меѓуетничките теми и ја контаминираат јавноста со националистичка реторија, изјави вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, потпреетседателката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Ана Чупеска, коментирајќи ги случувањата со Уставниот суд. Смета дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок.
„Оставете го Уставниот суд, оставете ги судиите да решаваат. Не смее да му се врши притисок на судот за да постапува вака или онака. Албанскиот јазик не смее да биде злоупотребуван против чувствата на албанските граѓани, исто како што и македонскиот јазик не треба да биде злоупотребуван против чувствата на македонските граѓани. Да мислиме на нормални работи, сиромаштијата до каде е стигната, инфалацијата расте“,
рече таа.
Загрижувачко за неа е што во трите полуги на власта, судството и законодавната власт се одвива интервенција и узурпација на нишките на контрола, а тоа, како што рече, е дел од операцијата на воспоставување на нов бра на авторитатни, односно антидемократски практики.
„И тука нема да помогнат теми како јазик, македонски или албански. Тие теми се дефокус од она што реално се случува под радарот, а се случуваат побајаги работи за злоупотреби за кои треба сериозно да се разговара“,
вели Чупеска.
Посочи дека на правосудниот систем му е потребна темелна реформа.
„Се додека Обвинителството и правосуднитее органи не постапуваат по словото на Уставот и конот и не преземаат акции ‘црните листи‘ ќе бидат такви. Се уште чекаме институциите да кажат за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ“,
кажа таа.