Четиримесечно бебе почина во болницата во Кочани, информира СВР Штип.
Според информациите на полицијата, од кочанската болница во текот на вчерашниот ден во 15:55 часот пријавиле дека било донесено бебе, кое и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало.
Бебето во болницата било донесено од страна на неговите родители.
„Околу 16 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало. По наредба на ОЈО, била извршена обдукција, а потоа телото им било предадено на родителите“,
информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.