Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79 г.), пациент од Велес (58 г.), пациент од Прилеп (67 г.) и уште еден пациент од Скопје (63 г.)
Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип – 27
Прилеп – 75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола – 9
Охрид – 4
Кавадарци – 3
Гостивар – 8
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен факултет – 13, „Авицена“ – 9, „Биотек“ – 24 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8 552 тестирања за ковид-19.