Во очекување на статистиките за целата држава, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Битола информираше дека во општините кои се под негова надлежност регистрирани се 12 нови случаи, а заразени се на возраст од 19 до 76 години.
Четири од новите случаи се во Битола и станува збор за лица на возраст од 26 до 41 години.
Осум се во Кичево и се на возраст од 19 до 76 години.
Во Ресен и Демир Хисар, пак, нема новозаразени.