Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, ракавици, заштитни очила…, но и на респиратори и сетови за тестирање за коронавирус…
Набавка на 20 респиратори и исто толку монитори за интензивна нега, како и 5 илјади сетови за тестирање и 400 сетови реагенски… ќе овозможи финансиската помош за итни потреби што нашата земја ја доби од ЕУ.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби, како одговор на кризата со ковид-19.
Помошта од ЕУ овозможува и набавка на маски, ракавици, заштитни очила, друга медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.
Тековната помош е дел од солидарниот пакет помош на ЕУ за нашата земја во висина од 66 милиони евра, наменет за справување со состојбата со коронавирусот. Во рамки на пакетот, освен овие четири милиони евра за итни медицински потреби, ЕУ обезбедува и 50 милиони евра за социо-економско закрепнување, девет милиони евра за помош на приватниот сектор и три милиони евра директна буџетска поддршка