Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе воведе четиридневен карантин во 31 град в четврток, како мерка за борба против новиот коронавирус.
Во Турција, претходните два викенда имаше режим на самоизолација во 31 град. Мерките се продолжуваат овој пат поради националниот празник на Турција, кој е в четврток, на 23 април.
*Поврзана вест: Албанија испрати 60 медицински техничари во Италија да помогнат во борбата со ковид-19
Ердоган по состанокот на кабинетот рече дека Турција се стреми да ја намали заразата на ниво што ќе го нормализира животот по верскиот празник на Рамазан Бајрам кон крајот на мај.
Претходно, Турција разгледуваше опции за намалувањето на бројот на вработени во рок од три месеци, со цел да се намали влијанието на новиот коронавирус врз работниот тек во земјата.
*Поврзана вест: Шефот на СЗО: Сè уште многу луѓе не го разбираат ковид-19
Според планот на претседателот Ердоган, ќе може да се продолжи забраната за прекинување работен однос на работодавецот со вработениот до шест месеци.
Сепак работодавците ќе имаат право да им дадат на своите вработени неплатен одмор.
*Поврзана вест: Ковид-19 може да загрози 59 милиони работни места во Европа
Во тој случај вработените ќе добијат надоместок од Државниот фонд за обештетување при невработеност.
Освен тоа Владата на Турција предвидува грижа и во итни случаи како што се епидемија, земјотрес, природни непогоди и слично за возрасните лица, лицата со посебни потреби и други социјални групи, без да ја зема предвид нивната финансиска состојба.
Владата на Турција, исто така, го одложи плаќањето на сите даноци и расходи на општините за време на епидемијата, без камати и зголемувања.