Меѓународната консултантска компанија „McKinsey“ објави дека новиот коронавирус загрози 59 милиони работни места во европските земји, објави Н1.
„McKinsey&Company“, која овозможува консултантски услуги на разни компании и јавни институции, објави студија за влијанието од ковид-19 врз вработеноста во Европа.
Се наведува дека ковид-19 е голема здравствена криза и дека преземените мерки против епидемијата доведоа до сериозни последици за фирмите и вработените. Согласно ова, се нанесува штета на економијата.
Во студијата, се вели дека претпријатијата имаат потешкотија во исполнувањето на своите финансиски обврски поради запирањето на активностите во бројни сектори. Објавено е дека компаниите проценуваат оти е подобро да отпуштаат работници поради неизвесноста во која се наоѓаат.
Проценките на „McKinsey&Company“ се дека работниците нив Европа може да се соочат со скратено работно време, неплатен одмор или отпуштање од работа.
Не е исклучена можноста дека епидемијата во наредните месеци може речиси да го дуплира процентот на невработеност во Европа. Најзагрозени, се проценува, ќе бидат работниците во угостителскиот сектор.