Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото допрва доаѓа во врска со пандемијата на новиот коронавирус.
Предупредувањето доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата.
*Поврзана вест: САД постепено се отвора: Флорида дозволува одење на плажа, Њујорк рекреација на отворено
„Верувајте ми. Најлошото е сè уште пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Тоа е вирус што многу луѓе сè уште не го разбираат“,
предупреди тој.
Тој не прецизираше зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум светот и однесе животи на повеќе од 166.000 луѓе, би можела да се влоши. Сепак, некои веќе укажаа на идно ширење на заразата во Африка, каде здравствените системи се помалку развиени.
*Поврзана вест: Пивара која ги преживеа сите светски војни, за првпат затворена по 400 години работа
Шефот на СЗО потсети дека пред еден век, шпанскиот грип однел животи на околу 100 милиони луѓе ширум светот.
„Но, сега ја имаме технологијата, можеме да избегнеме таква катастрофа, можеме да спречиме таков вид криза“,
рече тој.