Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека Анкара нема да воведе санкции кон Русија, пренесуваат тамошните медиуми.
„Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот“,
изјави Чавушоглу.
Тој додаде дека се надева дека е постигнат напредок во евакуацијата на турски државјани, кои засолниште нашле во џамијата во Мариупол и посочил дека за тоа ќе побара помош од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Вчера беше нападната џамија во Мариупол, а во официјалното соопштение на Министерството за одбрана на Украина беше наведено дека во неа се криеле околу 80 лица, помеѓу кои имало и турски државјани.
Според Чавушоглу Турците кои се таму чекаат автобуси за евакуација, иако истакнал и дека не е воспоставен контакт директно со нив.