Меѓу точките на дневен ред се и избор на шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар

Во 10:30 часот денеска требаше да започне седницата на Советот на јавни обвинители со повеќе точки на дневен ред, но до овој момент таа не е започната.
Новинарите час и половина ги чекаа членовите на Советот да се соберат во салата каде што се одржуваат седниците, но наместо во оваа просторија, тие се наоѓаат во други канцеларии.
Самиот Совет на својата веб-страница објави одлука дека седницата треба да почне во 10:30 часот.
На седницата формално Ислам Абази треба да биде именува за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по изборите минатиот понеделник, но и да се изберат шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар, како и на основните во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци и Куманово.